fbpx

Opel го освежува својот амблем

Новата и освежена гама наскоро ќе добие и модернизирана верзија на својот амблем. Opel го откри новиот изглед на својот исконски амблем „Blitz“, кој ќе се појави на возилата веќе во 2024 година. Се заснова на возбудливата и посебна дизајнерска филозофија на производителот на автомобили, додека истовремено продолжува гордо да биде централно позиционитан на Opel Vizor. „Гром“ или „Blitz“ на германски е тесно поврзан со електричната енергија, воедно претставува идеален амблем за симболизирање на пристапот на Opel, кон ерата на електромобилноста.

„Нашиот „Blitz“ е поактуелен од кога било досега. Тоа не само што ја симболизира нашата посветеност на демократизацијата на иновациите и мобилноста, туку ја претставува и нашата посветеност кон трансфромацијата, кон целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Оваа година, во нашето портфолио, веќе ќе имаме 15 електрифицирани модели и со гордост можеме да кажеме дека Opel се развива во електричен бренд“, изјави Извршниот директор на Opel, Florian Huettl.


Извршниот директор на Opel, Florian Huettl, најави дека новиот амблем ќе биде претставен уште оваа година: „IAA Mobility е еден од најголемите саеми за автомобили во светот. Затоа за нас претставува совршена локација, пред масовната меѓународна публика, гордо да го претставиме нашето ново лого „Blitz“. Понатаму, планираме и изненадување… Посетителите ќе бидат воодушевени на нашето присуство во Минхен“, изјави тој.

Поврзани вести

Back to top button