fbpx

Визијата на Peugeot Scooters за електричната мобилност

Проектот EU-LIVE, Efficient Urban Light Vehicle (Ефективно градско превозно средство) постави за цели да развие и дизајнира електрични транспортни средства за иднината, поддржан од Европската комисија, како дел од програмата за истражување и иновации Horizon 2020

Peugeot Scooters е водечка светска марка за мотоцикли и скутери и е пионер во многу иновации во својата над 120-годишна историја.

Како производител на првиот мотоцикл во 1898 година и на првиот електричен скутер Scoot’elec пред повеќе од 20 години, Peugeot Scooters отсекогаш била посветена на развојот на мобилноста. Во истражувачка дејност компанијата соработува со 11 партнери во европски конзорциум за да одговори на предизвиците на иднината. Имено, додека Peugeot Scooters е на пат да го лансира својот нов електричен скутер Peugeot 2.0 e-powered bg GenZe, брендот учествува и во голем европски проекти за развој на решенија за мобилност. Како член на конзорциумот EU-LIVE, Peugeot Scooters придонесува во студијата да се утврдат контурите на проектот и во опишувањето на спецификациите за возилата: L5e1 и L3e2.

Развиено во текот на две години, возилото во категорија L5e, беше претставено од конзорциумот EU-LIVE. Замислено е како врска што недостасува помеѓу светот на возилата на 4 и 2-тркала. Тој е опремен со најновата технологија на Peugeot Scooter во однос на моторот. Погонскиот тракт, дизајниран во соработка со IFP Energies Nouvelles (јавна организација за истражување, иновации и обука во областа на енергијата, транспортот и животната средина), е позајмен директно од PowerMotion.

Овој мотор, целосно е развиен и произведен во фабриката во Мандјор (Фран-Конте), а е дел од мотоциклот Peugeot Metropolis, скутер со три тркала на брендот. Оваа ажурирана верзија на 31-киловатниот едноцилиндерски бензински мотор на Peugeot Scooters со дизајн кој ги ограничува емисиите и бучавоста, се приклучува кон два електрични мотори на задните тркала во проектот EU-LIVE.

EU-LIVE

Затоа неговата употреба се одвива наизменично за време на патувањата во приградски зони при брзини помеѓу 70 и 130 km/h. Демо верзија на ова возило ќе биде претставена во првата половина од 2018 година. Со моќност од 10,5 kW, батерија Samsung SDI Battery Systems од 5,3 kWh, доволна за околу 100 километри, овој скутер од новата генерација демонстрира способноста на брендот да ги интегрира иновациите на своите партнери.

Поврзани вести

Back to top button