fbpx

Tesla со загуба од над две милијарди долари во 2017 година

Загубите на Tesla за минатата година надмина две милијарди долари, објави компанијата

Производителот го заврши последниот квартал на 2017 со рекордна загуба- 771 милиони долари, а за целата година таа достигна 2,24 милијарди долари. За 2016 загубите на Tesla беа 773 милиони долари.

За последните три месеци од минатата година Tesla пласираше едвај 30,000 автомобили, од кои 28.425 се на Model S и Model X, а 1.542 единици се од новиот Model 3. Но, ако се земе во целост планирано – остварено, тогаш 2017 е успешна година за калифорнискиот производител. Имено, пласманот на нови возила на Tesla достигна над 102.000 електрични изведби, а плановите беа за 100.000 парчиња.

милијарди долари

Треба да се напомене уште нешто, во изминатата година компанијата на Илон Маск го ограничи производството на Model S и Model X, за да може да насочи повеќе ресурси кон зголемување на бројот на склопени Model 3 изданија. Во првото тримесечје од оваа година производството на Tesla треба да достигне ниво од 2.500 автомобили на недела, а кон средината на годината и 5.000 автомобили неделно.

Извештајот на Tesla за минатата година покажува дека во моментов низ светот компанијата има вкупно 330 дилерски центри, што е повеќе за 78 во однос на 2016, а бројот на станици за полнење порасна од 338 на 1.128.

милијарди долари

 

Поврзани вести

Back to top button