Женева 2018: Преродба за Lancia Stratos
Италијанскиот производител Manifattura Automobili Torino (MAT) се согласи заедно со New Stratos GbR за преродба на спортскиот автомобил Lancia Stratos, со нова лимитирана серија
Таа ќе биде прикажана во сериска форма за време на изложбата во Женева, на почетокот на следниот месец.
Ова е модерен наследник на возилото, кој нема да го носи логото на некогашната легендарна компанија. Производството се предвидува да биде строго ограничено на само 25 единици. Досега, нема многу техничките детали за Lancia Stratos, но се знае дека моќноста ќе е околу 550 КС, а ќе има и посебна спортска суспензија. Најинтересно во најавата е дека се подготвува и верзија Safari, која, најверојатно, ќе носи рели гени.
Креаторите на машината ја покажаа за прв пат во 2010 година, а тогаш таа се засноваше на Ferrari F430 Scuderia и користеше 8-цилиндарски атмосферски мотор. Според очекувањата тој сигурно ќе биде заменет од нов турбо агрегат.