fbpx

Дружење со десетте финалисти за Автомобил на годината за 2018

Традиционално и годинава се одржа дружењето со финалистите од кои треба да се избере ностителот на 23-тата титула Автомобил на годината во Македонија

Овој пат жирито за избор на Автомобил на годината воведе една новина, односно дружењето се реализираше во два дена, каде претставниците на импортерите имаа можност подетално да се запознаат со сите десет финалисти. Имено, со оглед на фактот што тие исто така гласаат, имаа можност да се запознаат со секој од десетте финалисти, а нивниот избор дава еден глас, кој рамноправно учествува во конечниот резултат за титулата, заедно со преостанатите гласови од членовите на жирито.

Автомобил на годината

Претставниците на импортерите имаа прилика да ги доловат сите поединости на конкурентите на потегот Скопје-Струмица-Скопје, како веќе напоменавме во два дена. Првиот ден имаше возење до Струмица, преку Велес-Неготино-Валандово и согласно договореното претставниците на импортерите може да се уверат во квалитетите и перформансите на годинашниве финалисти: BMW X3, Citroen C3 Aircross, Ford Fiesta, Dacia Duster, Kia Stinger, Kia Stonic. Nissan Micra, Opel Insignia, Seat Ibiza и Suzuki Swift.

1 | Автомобил на годината 
2 | Автомобил на годината
3 | Автомобил на годината

    Вториот ден, во хотелот Сириус, која беше првата база за караванот, започна со презентација на секое возило, каде освен поединостите за архитектурата, дизајнот, моторите, технологиите…, секако најинтересно за претставниците на импортерите беше понудата на македонскиот пазар на гамата на возилото, неговата цена, услови…Навистина мошне интересно, бидејќи сите беа подготвени на најадекватен начин да ги испрезентираат својот адут, како пред конкуренцијата, но секако и членовите на жирито.

    1 | Автомобил на годината
    2 | Автомобил на годината
    3 | Автомобил на годината
    4 | Автомобил на годината

      Прекрасниот караван од десет убавици на четири тркала испочитува уште една традиција, заеднички ручек со плус претставници од медиумите, пријатели на манифестацијата…, во Мечкуевска куќа во Свети Николе, со што беше крунисано во целост ова заедничко дружење, кое повторно покажа дека корисното и убавото секогаш одат заедно со себе!

      На ред е конечната одлука на жирито, кој ќе ја понесе титулата Автомобил на годината во Македонија за 2018, која ќе биде позната деновите.

      Поврзани вести

      Back to top button