Женева 2018: Renault лансира помоќно Zoe
Францускиот производител Renault објави дека работи на нова, помоќна верзија на својот електричен модел Zoe
Подобрената верзија, која ќе биде означена со R110, ќе биде прикажана на саемот во Женева.
Според Autocar, развојот на R110 е резултат на зголемената побарувачка за електрични возила во Европа. Обновениот електричен модел на Renault ќе има моќност од 107 КС, а во подоцнежна фаза ќе се зголеми и нејзиниот автономија. Сега Zoe Z.E. минува 360 километри на едно полнење, но се очекува до крајот на годината опсегот да достигне до 400 km.
Од другите поединости ги издвојуваме 16-инчните алуминиумски фелни, автоматски предни светла, регулатор на сензорот за дожд, пристап до автомобилот без клуч и греење на седиштата. Сепак, капацитетот на батеријата од 41kV/h ќе остане непроменет. Што се однесува до цената, новиот R110 сигурно ќе чини повеќе од сегашната R90 Z.E. Цената се очекува да започне од 20.400 евра.