Haas F1 прв го покажа својот нов болид
Американскиот Haas F1 стана првиот тим од Formula 1 кој го прикажа својот нов VF-18 болид
Тимот на Џин Хас ги презентираше на интернет рендерите на болидот и новата шема на бои за претстојната сезона. VF-18 е управуван од мотор на Ferrari и е еволуција на автомобилот од минатата година. Како велет од тимот за новата сезона инжинерите се фокусирале на укинувањето на големиот стабилизатор тип „ајкулска перка”, што се бара од правилата и додавањето на системот Halo, што треба да чува главата на возачот во несреќа.
Главните моменти при развојот на новиот автомобил биле надминување на проблемите кои го „мачеа“ VF-17 минатата година, поврзани со работата на аеродинамичниот пакет и управливоста на болидот. Другата важна цел била намалувањето на тежината на возилото, за да може да се користи повеќе товар, лоциран на места кои се важни за подобриот баланс на VF-18.
– Најголемата промена во аеродинамиката е додавањето на системот Halo што треба да заврши доста работа во оваа насока, објасни шефот на тимот Гинтер Штајнер. – Заштитата на главата на пилотот го покренува центарот на тежината на автомобилот, но ова е проблем со кои се сречаваат сите тимови. За новата сезона нема големи промени во техничките правила, што значи дека VF-18 е еволуција на нашиот автомобил од минатата година.
Сопственикот на тимот Џин Хас изјави дека очекува со развојот на автомобилот, разликата помеѓу болидот на Haas F1 и главниот технички партнер на тимот Ferrari, треба да се намали до половина секунда на круг. Ако тоа се случи, битката за во средината на колоната ветува дека ќе биде уште поинтересно.