fbpx

Новиот SUV модел на SEAT ќе се вика Tarraco

Шпанскиот производител на автомобили SEAT објави дека новиот SUV модел на брендот ќе се вика Tarraco

За името на новиот автомобил на компанијата гласаа 146.144 луѓе од 134 земји. Од нив 51.903 луѓе(35.52%) гласаа за предлогот Tarraco, 41.993 за Avila (28.74%) и 39.321 (26.91%) за Аranda. Заедно со објавувањето на името на новата пазарна понуда, SEAT објави дека новиот SUV модел ќе биде пуштен на пазарот до крајот на оваа година.

Tarraco

Тој се приклучи на SUV иницијативата на марката, која веќе ги вклучува Ateca и Arona. Моделското портфолио на SEAT беше значително засилено во текот на изминатата година со преработениот Leon и петтата генерација на Ibiza.

SEAT го избра името на својот нов SUV преку #SEATseekingName, кој ги надмина очекувањата на компанијата, па SEAT- Шпанција упати голема благодарност до сите кои беа вклучени во гласањето.

 

Seat Tarraco

Поврзани вести

Back to top button