Mercedes, BMW и VW со стотици милиони загуба за три дена
Тридневниот штрајк, кој минатата недела беше организиран во Германија од страна на IG Metal Syndicate, предизвика прекин во многу фабрики на Daimler, BMW и групата Volkswagen, а со самото тоа и одредени загуби
Работниците бараат 6% зголемување на платите, како и скратено работно време за мајки со деца и за постари работници. Работодавците се согласија да ги зголемат платите за 6,8%. Сепак, тие одбија да го скратат работното време.
Сите овие разговори доведоа до загуби од над стотици милиони евра за трите автомобилски џинови, како и пад на цената на акциите на брендовите. Акциите на Volkswagen паднаа за 1%, на Porsche за 3%, на Daimler за 1.3% и на BMW за 1.5%.