A8 L 60 TFSI e quattro е првиот електричен предводник на Audi

Кога Audi ќе реши да ги спои елеганцијата и луксузот со ефикасноста, пазарот го добива електрифицираниот A8 L

Plug-in хибридната верзија ќе биде првично достапна за моделот со долго меѓуоскино растојание, односно А8 L, додека стандардната изведба ќе следи малку подоцна.

Официјално наречен A8 L 60 TFSI e quattro, комбинира 340 коњски 3,0 литарски турбо V6 мотор со 136 коњска електрична единица, кои заедно му обезбедувааат вкупна излезна моќност од 449 коњски сили и 700 Nm вртежен момент од само 1.250 вртежи во минута.

Бензинскиот мотор, кој е исто така достапен и кај нехибридната форма, генерира вртежен момент од 500 Nm, додека синхрониот мотор испорачува веднаш достапен вртежен момент од 350 Nm. Моторот е интегриран заедно со спојката во осум-степениот tiptronic автоматски менувач, кој испраќа моќност до сите четири тркала преку постојаниот quattro систем.

Audi A8 L 60 TFSI e quattro

Високонапонската, литиум-јонска батерија од 14,1 kWh сместена под трупот, го напојува електричниот мотор на A8 L и обезбедува возен опсег од 46 километри по WLTP циклусот. Меѓутоа, кога двата извори на енергија работат заедно во режим на засилување, A8 L 60 TFSI e quattro може да достигне електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h и спринт од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди.

Покрај својата брзина и перформанси, електрифицираниот знаменосец исто така може да се пофали и со својата ефикасност, бидејќи просечната потрошувачка на гориво пресметана според WLTP е дури 2,5 литри на 100 изминати километри, со соодветна емисија на СО2 од 57 g/km.

Audi A8 L 60 TFSI e quattro

Новиот A8 L 60 TFSI e quattro се истакнува и со својот изглед благодарение на специфичните детали на дизајнот, како што се светлосниот потпис инспириран од електричниот Audi e-tron, хромирана облога на предниот браник, хромирани обложувања на рачките на вратите и дифузерот со континуирано хормирано обложување. Plug-in хибридниот модел содржи и ексклузивни 19-инчни алуминиумски тркала.

Електричниот германски предводник веќе може да се нарача во Германија за основна цена од 109.000 евра, a испораките во Европа ќе започнат во четвртиот квартал од 2019 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close