fbpx

ABS-трета генерација

ABS3 или систем за деблокирање на сопирачките од третата генерација е развој на Continental

Новината му овозможува на автомобилот да остане управлив, дури и при нагло сопирање, а оптималните перформанси на иновативниот систем се обезбедуваат под многу покомплексни услови на патот.

Кога сопирачките се активираат на коловоз со различни коефициенти на триење, на пример кога десната лента е покриена со лисја, снег или чакал, додека просечната траекторија е со многу подобар контакт со гумите, ABS3 користи целосно различни нивоа на сила на сопирање кон тркалата од лево, односно можност да обезбедат максимално намалување на брзината без да се загрози стабилноста на возилото.

Во прилог на контролата врз управувањето за време на критичните ситуации, ABS треба да обезбеди максимално искористување на сопирачкиот потенцијал на гумата. ABS3 зема предвид дека контактот меѓу гумата и коловозот е под влијание на повеќе фактори, од кои ги издвојуваме коефициент на прилепување, температура, тежина на возилото и брзината, кои се менуваат постојано.

ABS3

Поврзани вести

Back to top button