fbpx

Abt Audi RS5-R Sportback со ограничено производство од 50 единици

Германската тјунинг компанија во 2018 ја претстави Abt верзијата на RS5 Coupe, а сега одлучи да го примени истиот третман на попрактичниот Sportback

Abt со модифицирање на ECU, постигна зголемување на моќноста на дво-турбинскиот 2,9 литарски V6 мотор од стандардните 444 на 520 коњски сили, додека пак кај вртежниот момент, од 600 Nm сега добиени се 680 Nm. Точните бројќи околу перформансната изведна на RS5-R Sportback не се објавени, но ваквата модификација кај RS5 Coupe овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди, притоа достигнувајќи максимална брзина од 280 km/h.

Во поглед на дополнителните модификации, Abt Audi RS5-R Sportback сега добива Abt коиловери и спортски торзионен стабилизатор за пониска висина на возење и поголема стабилност, како и Abt издувен систем.

RS5-R Sportback

Визуелно, RS5 Sportback ги добива истите дополнувања како RS5 Coupe, каде вклучени се поголеми фелни, изобилство на детали од јаглеродни влакна, нов сплитер, заден спојлер, странични вентилациски отвори и друго. Abt логото ќе може да се најде и по внатрешноста, по потпирачите за глава и прагови на вратите.

Abt најави дека Audi RS5-R Sportback ќе добие ограничено произвоство од само 50 примероци.

Поврзани вести

Back to top button