fbpx

ABT го претстави тјунираниот Audi RS7 Sportback

Audi RS7 Sportback веќе некое време е присутен на европскиот пазар, а познатиот тјунер ABT сега ја претстави својата втора програма наменета за најмоќниот Sportback

ABT во јануари го понуди својот прв пакет наменет за RS7 кој вклучуваше 22-инчни тркала и зголемување на моќноста на 690 КС, но оваа позната тјунерска компанија од Кемптон не запира тука и го претстави RS7-R. Неговиот 4,0-литарски битурбо V8 мотор сега развива 730 КС и 920 Nm максимален вртежен момент. ABT подготви и нови 22-инчни тркала, а новиот издувен систем со четири завршетоци го замени претходниот со два овални завршетоци на стандардниот модел Audi RS7.

Каросеријата на автомобилот е целосно променета, а тука е и предниот „лип“ спојлер и малите крила. На задната страна се наоѓа нов спојлер, како и дифузер засилен со карбонски влакна, исто како и останатите додатоци. ABT посвети внимание и на внатрешноста каде сега има повеќе карбон и кожа. Централната конзола има ознака која напоменува дека има само 125 автомобили со RS7-R спецификации. Автомобилот кој се најде на фотографиите му припаѓа на германскиот професионален возач Daniel, за што сведочи и потписот на централната конзола.

Тјунерската компанија не ги откри деталите за перформансите, но познато е дека стандардниот RS7 развива 591 КС и 800 Nm, а забрзувањето од нула до „стотка“ го достигнува за 3,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 305 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button