Продажбата на електричните возила зависи од стандардот
Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) објави интересна статистика и интерактивна мапа, во која се демонстрира пласманот на електрични возила во одделни земји и региони на континентот
Всушност ова е статистика на пазарното навлегување на електрични возила на територијата на континентот и анализира врска помеѓу БДП по глава на жител и реализацијата на автомобили со алтернативен погон за одделните европски држави. Според податоците на ACEA, пазарниот удел на електрични од 1% или повеќе проценти е забележан само во држави од Западна Европа, кои можат да се пофалат со БДП по глава на жител од над 30.000 евра. Во државите со БДП под 17.000 евра, учество на автомобилите со електричен погон е минимален и тежнее кон 0%.
Од ACEA посочуваат и подетални податоци за минатата година, а се фокусираат на пазарот на основните пет европски држави. Во Германија, пазарниот удел на електрични е 0.8% (на 3.351.607 продадени автомобили, учеството на електрични е 25.214), во Велика Британија е 1.4% (2.692.786, 36.917), во Франција, исто така е 1.4% (2.015.177, 29.189), во Италија е 0.2% (1.824.968, 2.827) и во Шпанија е 0,3% (1.147.007, 3.654).
Единствен исклучок на европскиот пазар е Норвешка, каде влезот на електрични е на ниво од 29%. Од ACEA коментираат дека овој феномен се базира во главно на степенот на БДП, што е 64.000 евра или речиси два пати поголем од просекот на Унијата. Спротивно на ова, статистиката на ACEA ги посочува и пазарите со најлошо навлегување на електрични за 2016 година. На самото дно е Грција со нејзините 32 продадени електрични автомобили, пазарен удел од 0,04% и БДП од 16.300 евра, во Бугарија биле реализирани 21 автомобил за пазарен удел од 0,05% и БДП од 6.600 евра. Незавидно е и претставувањето на Естонија – 35 продажби, 0,2% удел на пазарот, БДП од 15.900 евра.