AeroSUV моделот од Röchling го поедноставува аеродинамичниот развој
Röchling го разви генеричкиот AeroSUV во соработка со FKFS
Тој овозможува симулациите на струење на воздухот и тестовите во воздушни тунели да се изведуваат на SUV-ови со средна големина во фазата пред развој на возилото. Генеричкиот AeroSUV е развиен во соработка со Институтот за истражување на автомобилски инженеринг и мотори за возила од Штудгард (FKFS).
Моделот со размер од 1: 4 ги комбинира законските прописи и деталите од дизајнот на SUV моделите со средна големина и овозможува далекосежни симулации на струење на воздухот и тестови во воздушен тунел, со цел да се оптимизира протокот во возилото пред развојот.
„Со способноста да се интегрираат различните варијанти на задниот дел, AeroSUV-от може да го земе предвид големиот број на изведби во овој профитабилен сегмент кој е во пораст”, вели д-р Џулијан Нес, експерт за аеродинамика во Röchling Automotive.
Специфичните геометриски параметри за SUV вклучуваат повисок клиренс, како и значително поголеми тркала и основа на каросеријата. Прво и основно, дизајнот на подвозјето, клиренсот и тркалата се помеѓу областите со најголем предизвик.
Со цел да се постигнат реални аеродинамички коефициенти, AeroSUV ќе може да прикаже високо ниво на детали за возилото што треба да се произведе. Тековните SUV модели биле испитувани за да се добие почетниот дизајн. Потоа, инженерите ја оптимизирале геометријата на почетниот модел користејќи пресметковна динамика на флуиди (CFD).