ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Гигантска афера со измамa на руските бензински пумпи

Хакер има развиено софтвер со кој на бензински пумпи во цела Јужна Русија се мери повеќе од реално наполнетото гориво и на тој начин се оштетени илјадници обични возачи, соопштува Росбалт

Случајот беше предаден од страна на Федералната служба за безбедност (ФСБ), која ја пронајде штетната програма на локации на некои од најголемите нафтени компании. „Аферата е гигантска и влијае на цела јужна Русија. Манипулирање со софтвер е најдено по бензински пумпи во Ставрополскиот крај, републиките во Северен Кавказ, Калмикија, Краснодарскиот регион…

бензински пумпиСоздадена е цела мрежа за кражба на гориво од граѓаните. Сопствениците на бензинските пумпи не се пожалиле на никакви загуби“, соопштува Росбалт. Според неофицијални информации, авторот на програмата е Ставрополскиот хакер, Денис Заев. Според ФСБ, тој им понудил софтвер на менаџерите и на бензинските пумпи за дел од пленот. Програмата била инсталирана и на самите бензински столбови, во системите за известување и во касите.

За да функционира шемата, еден од резервоарите на бензинската пумпа требало да е празен пред почетокот на смената – на пример, под изговор дека ќе биде исчистен. Тогаш помеѓу 3% и 7% од продадените горива биле пренасочувани кон него, а софтверот ги избришал сите траги од кражбата.

Кога празниот резервоар имал доволно гориво, тоа е нудено на продажба, а програмата ги избришала податоците за трансакциите со него во касите. Добивките биле дистрибуирани меѓу учесниците во договорот. Според Rosbalt, авторот на софтверот бил уапсен. Денис Заев е обвинет за лажна измама и создавање и употреба на малициозни компјутерски програми.

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker