fbpx

Давидовски претседател, Димушевски секретар на АФМ!

Конечно по многу перипетии, со години наназад се одржа, „посакуваната“ Седница на Автомобилистичката федерација на Македонија, на која како вршител на должноста Претседател на АФМ е предложен Виктор Давидовски, до именување на нов и за генерален секретар - Александар Димушевски - Вуле

На Седницата на собранието, Иницијативниот одбор за промени во Автомобилистичката федерација на Македонија, собра мнозинство од клубови кои имаат решение за дејност за бавење со спорт, по што беа именувани нови лица на раководните функции, како и во Управниот одбор.

Оваа седница се одржа по согласноста Агенцијата за млади и спорт да застане на страна на деветте клуба кои беа „надвор“ од федерацијата и не можеа да се вклучат во системот на натпревари, додека во АФМ постоеја шест клуба кои немаа возачи и активности на домашен план, поради што авто-спортот беше „во колапс“.

ДимушевскиДеветте клуба кои го свикаа ова собрание покажаа решителност за надминување на состојбата, па речиси сите одлуки беа донесени едногласно. На собранието присуствуваше и претставник од Агенцијата за млади и спорт.

Кандидат за претседател беше Д-р Кристијан Дума, кој присуствуваше на седницата и се заблагодари на укажаната чест, но поради најавени нови ангажмани одлучи да се повлече.

Во оваа ситуација, како вршител на должноста Претседател на АФМ беше предложен Виктор Давидовски, до именување на нов кој ќе биде долгорочно решение и ќе помогне авто спортот да се врати на патеките на успехот. Нов генерален секретар е Александар Димушевски – Вуле, еден од најдобрите македонски возачи на сите времиња. Во управниот одбор се именувани претставници од сите клубови.

Клубовите кои до сега беа во АФМ не се појавија на оваа седница на Вонредното собрание организирано од Инцијативниот одбор, што фрла дамка на понудената рака за единство меѓу сите клубови.

Поврзани вести

Back to top button