fbpx

Акциите на Tesla паднаа по емотивното интервју со Илон Мaск

Акциите на американскиот производител на електрични автомобили Tesla паднаа за 9% во петокот, по емотивно интервју на Илон Маск за New York Times, во кое тој вели дека изминатата година била најтешката и најболна во целата негова кариера.

Падот на акциите на Tesla од петокот е најголемиот досега во последните две години. Доаѓа во време на сериозни проблеми со кои се соочува компанијата, како резултат на несоодветни решенија од страна на Маск. Со желба за трансформацијата на автомобилската компанија во приватна преку купување на акциите по цена од 420 американски долари.

Провокативната вест беше проследена од основачот на Tesla  преку неговиот профил на социјалната мрежа Twitter. Беше и дополнета со изјава дека има и обезбедено и финансирање. Како резултат на оваа изјава на Маск, тој си навлече последователна доза негативен став и како изгледа неприликите пред компанијата, во однос на финансиите ќе продолжат.

Илон Мaск

Минатата година беше најтешката и најболна во мојата кариера.  Маск истакна за New York Times. -Беше мачно, додава тој за весникот, според кој на неколку пати за време на интервјуто сопирал во говорот, за да ја задржи емоционалната рамнотежа и да не се расплаче. Во интервјуто, Маск открива дека неговите пријатели се загрижени од фактот дека работи по 120 часа неделно. А според New York Times тој на својот роденден поминал 24 часа на работното место.

Тој исто така призна дека морал да земе Ambien за да заспие. „Често изборот е без спиење или Ambien”, коментира тој.

Повторно според информации на весникот, овој факт е загрижувачки за некои од членовите на одборот на Tesla, кои изразиле сомневање дали лековите влијаат на Маск за неговите небулози на Twitter.

Поврзани вести

Back to top button