fbpx

Alfa Romeo ќе биде спонзор на „1000 Miglia“ во 2020 година

Партнерството помеѓу Alfa Romeo и најубавата трка во светот продолжува и ќе се одржи на традиционалната патека Бреша-Рим-Бреша од 13 до 16 мај 2020 година

Тригодишниот договор за спонзорство беше потпишан во 2019 година за периодот до 2021 година. На трката ќе учествуваат и неколку непроценливи модели на Alfa Romeo од колекцијата на FCA Heritage, додека како спонзор компанијата на организаторите ќе им обезбеди флота од 30 возила од моделите Giulia и Stelvio кои ќе бидат официјални автомобили на трката „1000 Miglia“.

Еден од најпознатите настани во историјата на брендот се одиграл во 1928 година кога Alfa Romeo за време на второто издание на „1000 Miglia“ освојува индивидуални и тимски титули, со осум автомобили. До 1957 година Alfa Romeo има 11 победи во оваа трка.

Поврзани вести

Back to top button