fbpx

Асиметрични фелни за првиот електричен MINI

Легендарната марка MINI понуди две дизајн скици на елементи од првата во историјата на компанијата целосно електрична изведба, која ќе се појави на светските патишта точно 60 години по лансирањето во продажба на оригиналниот Mini.

Следејќи го стратешкиот план за развој на BMW Group NUMBER ONE> NEXT, првиот 100% електричен автомобил на MINI ќе биде лансиран на пазарот следната година и се јавува како продолжение на презентираниата во 2017 година, plug-in хибридна верзија MINI Cooper SE Countryman ALL4 .

MINI е бренд наменет пред се за урбаните средини и целосно електричен модел е логичен чекор во иднината. Искоментира Оливер Хејлмер, шеф-дизајнер на брендот. “Овие првични скици на целосно електрифицираниот модел ги прикажуваат границите на нашата визија за автентичен дизајн кој ја поврзува историјата на брендот со својата електрична иднина”.

Mini1

Скиците на целосно електричниот автомобил, распространети од самата компанија, го демонстрира дизајнот на челната решетка на возилото, која за разлика од онаа кај стандардните претставници на брендот е густа и без отвори за одвод на воздухот кон системот за ладење. Втората ни дава јасна слика за тоа како ќе изгледаат тркалата на идниот електромобил, а интересна карактеристика тука е асиметричниот и футуристички дизајн.

Поврзани вести

Back to top button