Aston Martin го откри DBS Superleggera Concorde
Специјалното издание на моделот одбележува 50 години од првиот лет на Конкорд, со само 10 примероци
Aston Martin DBS Superleggera Concorde претставува специјална едиција предводникот на британскиот бренд, со која се одбележува златната годишнина од летот на Конкорд. Тој ќе биде изграден од страна на Bespoke Q на Aston Martin, во ограничено производство од само десет единици.
Секако, стилските ревизии се инспирирани од суперсоничниот авион. Телото на автомобилот е со иста боја како и патничкиот авион и е надополнето со карбонски покрив, преден сплитер, заден дифузер, обоени во боите на British Airways.
Внатре, DBS Superleggera Concorde добива Mach Meter, Алкантара, нови менувачки шифтери, пар уникатни седишта со логото на Конкорд и British Airways.
Специјалната едиција е напојувана од истиот 5,5 литарски V12 мотор, кој произведува 715 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm. Моторот ја испраќа својата моќност do задните тркала преку осум-степен автоматски менувач и обезбедува забрзување до 100 km/h за 3,4 секунди и максимална брзина од 340 km/h.