Aston Martin го претстави DBS GT Zagato

Aston Martin го претстави новиот DBS GT Zagato на Audrain’s Newport Concours, како модерен близнак на DB4 GT Zagato Continution

Британскиот производител на автомобили ќе ги понуди двата автомобили само во пар, а ќе ги нарече DBZ Centenary Collection, односно колекција со која ја одбележува стогодишнината. Парот ќе може да го имаат само 19 колекционири и тоа по цена од 6 милиони фунти.

Новиот DBS GT Zagato е придвижуван од дво-турбинскиот 5,2 литарски V12 мотор од Superleggera, кој кај овој автомобил испорачува моќност од 760 коњски сили. Прикажаниот автомобил доаѓа во ексклузивна Supernova Red боја, со впечатливи карбонски акценти и црвено црни фелни, додека пак внатрешноста е во Spicy Red кожна обработка.

DBS

Надворешниот дизајн е навистина впечатлив, со 18-каратните златни акценти, сјаен карбонски покрив, заден дифузер и секако предна масивна активна решетка. Златните детали се застапени и во внатрешноста, каде ќе ја најдете првата автомобилска употреба на метални 3Д-испечатени завршетоци во Gold PVD.

„Елеганцијата, класата и чистотата на стилот на Aston Martin секогаш се одликуваат со нашиот сопствен рационалистички јазик за дизајн“, рече Андреа Загато, главен извршен директор на Design House. „Стогодишнината на Загато претставува мост меѓу минатото и иднината, зајакнат со заедничката визија за иновативен пристап кон колекционерството, неодамна споени во парови и близнаци со цел да се достигнат нови стандарди на ексклузивност во светот“, додаде тој.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close