НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Aston Martin презема и хибриден мотор од Mercedes

Британскиот производител Aston Martin планира да ја прошири својата соработка со Mercedes-Benz во технички аспект

Компанијата веќе неколку години купува стандардни мотори од Штутгарт, а сега сака да добие и хибриден погон.

MercedesЗа време на автосалонот во Женева главниот инженер на Aston Martin, Мет Бекер, изјави изданието Wheel, дека неговата компанија сака да гo опреми купето Vantage со реден 6-цилиндерски мотор M256, поставен на Mercedes -AMG CLS 53.

Станува збор за 3,0- литарски мотор со моќност од 435 КС, кој работи во комбинација со 48-волтен генератор за напојување, како дел од електричните системи на возилото. Со овој мотор Mercedes-AMG CLS 53 забрзува од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди, а максималната брзина му е 270 km/h. Просечната потрошувачка на гориво од моделот е 8,5 l/100 km.

Мет Бекер објасни дека вакво нешто планира и неговата компанија, со цел задоволување на постојаното зголемување на еколошките барања. Според него, германскиот енергетски агрегат нуди одлични показатели на моќност и економичност, а тоа го прави многу погоден за Vantage.

Топ-инженерот, сепак прецизира, дека овој мотор под хаубата на автомобил на Aston Martin ќе биде со сосема различни поставувања. Промената ќе се должи главно на употребата на менувач со различни степени на пренос.

Mercedes

Клучни зборови

Поврзани вести

Close