fbpx

Aston Martin најави нов хипер автомобил – 003

Aston Martin ги откри првите детали за целосно новиот хипер автомобил кој ја носи ознаката 003, за која коментираат дека ќе биде револуционерна, со централно поставен мотор и технологии од Valkyrie.

Пазарното лансирање на сериската верзија на купето Aston Martin 003 се очекува да се случи кон крајот на 2021 година. Производството на моделот ќе биде ограничено на само 500 примероци.

Aston Martin 003 ќе биде третиот предлог во елитната група на хипер автомобилите по Valkyrie и Valkyrie AMR Pro. Автомобилот ќе биде опремен со хибриден погонски систем со бензински турбоагрегат, аеродинамиката и суспензијата ќе бидат активни и според изјавата на брендот, претставувањето на моделот на патот и на патеката ќе биде подеднакво импресивен.

Поврзани вести

Back to top button