fbpx

Новиот Aston Martin Vantage

Aston Martin ја објави првата официјална информација и фотографии на новата генерација на хит моделот Vantage, а првите испораки на овој модел ќе бидат спроведени во втората четвртина на следната година

Новиот Aston Martin Vantage доаѓа со целосно нов дизајн на екстериерот и ентериерот, оптимизирана аеродинамика и 4,0-литарски V 8 twin-turbo мотор со моќност од 510 коњски сили и максимален вртежен момент од 685 Nm. Во комбинација со осумстепена роботизирана менувачка кутија, тежина 1.530 килограми, автомобилот е во состојба да се забрза од 0 до 96 km/h за 3,5 секунди и да развие максимална брзина на движење од 315 km/h.
Vantage
Новиот Aston Martin Vantage доаѓа со адаптивна суспензија, прв во историјата на брендот електронски заден диференцијал (E-Diff), безклучен пристап до внатрешноста и стартување на моторот со копче, паркинг асистент, осум-инчен информативен екран со Aston Martin Audio System, богат сет опции за прилагодување за внатрешни работи и друго.
Vantage
Новиот Vantage веќе се наоѓа во продажба за 120.900 фунти во Велика Британија, 154.000 евра во Германија и 149.995 долари за САД.

Поврзани вести

Back to top button