Aston Martin Volante Vision “спортски автомобил за небесата”

Aston Martin дизајнираше футуристичен персонален воздушен превозник и го нарече Volante Vision.Се надеваат дека овој хибрид-електрик коценпт ќе помогне да го револуционизира патуувањето

Во Фарнбороу, Англија Астон Мартин го презентираше својот хибрид-електрик тросед автомобил како концепт. Иако ова за нас е сеуште само научна фантастика, компанијата верува дека во иднината следи ваков тип на транспорт/патување. Дизајнот на Volante Vision има VTOL способности, односно вертикално полетување и слетување и да достигнува брзини до 320км/ч. Што би значело “од Бирмингхам до Лондон би требало само 30 минути” коментира извршниот директор на Aston Martin, Simon Sproule.

Лидерите на авијацијата и технологијата работат електричното воздушно такси да стане реалност.

Оваа идеја ја подржува Uber како и други компании, вклучувајќи го и Larry Page, ко-основачот на Google. “На истиот начин како што сега имаме Uber и Aston Martin, ќе имаме и Uber и Aston Martin во небо.” – рече Sproule, ” но такво летало не би било евтино.”

Компанијата стана партнер со Cranfield University, Cranfield Aerospace и Британскиот производител на џет мотори Rolls-Royce. Заедно да го создадат возилото, вклучувајќи и да развијат вештачка интелегенција со автономни способности.

Volante Vision

Се чувсвтува како борбен џет авион, а го има луксузот на Aston Martin.

Одделно, Rolls-Royce истотака најави воздушно такси со EVTOL. Односно електрично вертикално полетување и слетување кое би транспортирало од четири до пет патници и да стига до брзини од 400км/ч. За тоа понатака кога Rolls-Royce ќе има повеќе информации и визуелен концепт од возилото.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close