Audi A3 Sportback доби plug-in хибридна верзија

Германски Audi продолжува со својата електрифицирана офанзива, откако сега официјално го претстави новиот A3 Sportback 40 TFSI e

Audi A3 Sportback 40 TFSI e ги следи стапките на стариот e-Tron модел. Овој plug-in хибриден хечбек се напојува со 1,4-литарски TFSI бензински мотор кој испорачува 150 КС и 250 Nm максимален вртежен мотор, плус електромотор од 109 КС и 330 Nm вртежен момент.

Комбинираниот систем испорачува вкупна моќност од 204 КС и 350 Nm вртежен момент, кои се испраќаат на предните тркала преку шестстепената S Tronic трансмисија. Оваа поставка овозможува забрзување од нула до „стотка“ за 7,6 секунди и максимална брзина од 227 километри на час. Просечната потрочувачка на гориво според NEDC циклусот е 1,5/1,4 литри на 100 километри, додека емисијата на CO2 е 34-30 g/km. Во чисто електричен режим, A3 Sportback 40 TFSI e може да достигне максимална брзина од 140 километри на час.

A3 Sportback

При користење исклучиво на електричната енергија, овој автомобил може да помине 78 километри според NEDC, односно 67 километри според WLTP. Тоа е речиси 20 километри повеќе од својот претходник. Заслугата за сето ова ја има 13 kWh батеријата, позиционирана под задните седишта. Може да се дополнува со максимална моќност од 2,9 KW, што значи дека треба да биде приклучена на полнач повеќе од 4 часа.

A3 Sportback

Електрифицираниот A3 Sportback има капацитет на багажникот од 280 до 1.100 литри, зависно од позицијата на задната клупа. Автомобилот се одликува со хибридизирани функции. Тука се вклучени два возачки режими кои можат да бидат селектирани преку MMI оперативниот систем, наречени Battery Hold и Battery Charge.

Како дел од стандардната опрема се 16-инчни тркала од легура, LED фарови, инфозабавен систем со 10,1-инчен екран. Потоа, Android Auto, Apple CarPlay, myAudi апликација која го контектира автомобилот со паметниот телефон на корисникот. Тука се и двозонскиот клима-уред и мултифункционалниот управувач обложен со кожа. Додатоците како панорамски сончев покрив, спортски седишта, head-up екран, Audi Virtual Cockpit и друго се достапни како опција.

Audi A3 Sportback 40 TFSI ќе пристигне во Европа оваа есен, а цената ќе стартува од 37.470 евра во Германија.

Поврзани вести

Back to top button