fbpx

Audi E-Tron GT Coupe на пазарот до 2022 година

Челниците на Audi во последно време скоро во секое интервју откриваат детали за плановите за проширување на електричната понуда

Челниците на Audi во последно време скоро во секое интервју откриваат детали за плановите за проширување на електричната понуда, а најновата информација е дека за 2022 година од Инголштад се планира лансирање на електричен спортски автомобил со четири врати. Од Auto Motor und Sport пренесуваат дека во Audi веќе се развива модел кој би требал да го добие името E-Tron GT, купе со четири врати, чии главни адути ќе му бидат динамичниот и футуристички дизајн со препознатлив светлосен состав, богато и напредна опремена внатрешност, како и моќниот електричен погонски состав.

E-Tron GT

Поточно, се очекува, дека автомобилот ќе добие погон што ќе се вградува во Рorsche Mission E, со моќ од околу 600 КС. Неговите батерии ќе бидат сместени под подот и ќе му овозможат автономија од околу 500 km, а за нивно брзо полнење, односно 80% од капацитетот ќе бидат потребни само 15 минути.
Засега нема информации за евентуалната цена, но од изворот велат дека таа би била околу 100.000 евра.

E-Tron GT

Поврзани вести

Back to top button