fbpx

Audi го електрифицираше Светскиот економски форум во Давос

Audi предложи одржливо решение за мобилност на Светскиот економски форум во Давос

Во својство на ексклузивен партнер, брендот Audi обезбеди флота од 50 електрични Audi e-tron модели за годишната средба на светската економска и политичка елита во 2019 година. Целосно електричните автомобили се напојуваат од енергија преку мобилни полначи контејнери од Audi.

„Ние се фокусираме јасно и доследно на нашите напори за развој на решенија за одржлива мобилност за иднината“, истакна во својата изјава претседателот на управниот одбор на Audi AG, Брам Шот. „На овогодинешниот Светски економски форум во живо можеме да ја покажеме нашата идеја за практична електрична мобилност и да дадеме можност на многу луѓе директно да ги искусат нејзините предности“.

Audi

Audi e-tron е првиот целосно електричен модел од висока класа на престижниот производител на автомобили од Инголштад. Веќе се регистрирани над 20.000 резервации за овој модел, кој се очекува во официјалната дилерската мрежа на брендот во Европа идната недела. Со флота од 50 електрични e-tron модели, компанијата повторно демонстрира практичност и во снежните швајцарски планини.

Развиени од страна на специјалистите на Audi, мобилните полначи со вкупна моќност од 700 kW и капацитет од 1,14 mWh ќе обезбедат брзо полнење на целата флота на e-tron со енергија, добиена од обновливи извори. Овој истражувачки проект на Audi ги истражува можностите за повторна употреба на користени батерии на електрични модели.

По завршувањето на активната фаза на употребата во возилата, високоволтните батерии продолжуваат да бидат погодни за примена во различни системи за складирање на електрична енергија. Во врска со ова, специјалисти на Audi тестираат различни сценарија за да направат најефикасна употреба на расположливите ресурси.

Во моментов компанијата ги користи контејнерите во улогата на станици за полнење на големи настани. Во рамките на овој истражувачки проект, брендот Audi презема јасен ангажман во поддршка на вредностите декларирани од Global Battery Alliance како дел од Светскиот економски форум.

Алијансата вклучува фирми и лица од јавниот и приватниот сектор кои работат на целиот синџир на снабдување и производство на акумулатори и има за цел да обезбеди социјална и еколошка одржливост на синџирот за генерирање на вредност при екстракција и употребата на природни суровини за производство на акумулатори.

За таа цел Global Battery Alliance внимателно ги следи процесите и условите за екстракција на суровини, се грижи за создавање на концепти за рециклирање со цел постигнување на затворен економски синџир и ги поттикнува иновативните случувања кои го промовираат одржливиот развој во областа на акумулатори.

Од 2017 година Audi е член на оваа платформа за соработка. Audi го поддржува Светскиот економски форум како ексклузивен партнер од 1987 година. Оваа 49-та средба на Светскиот економски форум ќе се одржи во Давос во периодот од 22 до 25 јануари 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button