Audi e-tron Vision Gran Turismo – од PlayStation до патеката

Audi официјално го демонстрираше концептниот автомобил e-tron Vision Gran Turismo

Тоа е машина која е првично создадена за компјутерската игра Gran Turismo Sport, но подоцна реализирана и како реален автомобил.

Тркачкиот автомобил Audi e-tron Vision Gran Turismo е управуван од три електромотори – два на задната оска и еден на предната, а нивната заедничка моќност е 815 КС. Благодарение на овие поставки за агрегатите, постои перманентен 4х4 пренос, а забрзувањето од место до 100 km/h е за 2,5 секунди.

e-tron Vision Gran Turismo

Audi e-tron Vision Gran Turismo

За да ги демонстрира можностите на автомобилот, Audi e-tron Vision Gran Turismo ќе се користи како натпреварувачко „такси“ за време на трките од Формула Е. Ова ќе започне уште од идниот викенд кога гледачите и гости на брендот за време на трката во Рим ќе можат да заземат патничко место во електричниот концепт. Германците ќе ја понудат оваа можност за време на сите трки во Европа.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close