fbpx

Audi го покажа луксузниот A8 L Horch

Претставен во Кина во пресрет на Салонот во Гвангжу, A8 L Horch Founder's Edition е ултралуксузен потфат на Audi за својот премиум седан

Audi A8 L Horch ќе ја доживее својата јавна премиера следната недела на Салонот за автомобили во Гвангжу, но во пресрет на истиот, германскиот производител ги прикажа првите фотографии од новиот луксузен модел. За жал, овој модел во моментов ќе се нуди само во Кина, а го добива Horch беџот кој ја нагласува неговата луксузна природа. Моделот добива голем борј на унапредувања во однос на стандардниот А8 што ќе му помогне да се натпреварува со новиот Mercedes-Maybach S-Класа во најнаселената земја на светот.

Продолженото меѓуоскино растојание го прави A8 L 130 милиметри подолг од стандардниот A8, и должината изнесува вкупно 5,45 метри. Овој дополнителен простор меѓу тркалата овозможува уште поголема пространост и удобност на задните седишта, каде сопствениците всушност ќе го поминуваат најголемиот дел од своето време додека ги вози нивниот приватен шофер. Унапредувањата на екстериерот вклучуваат две ексклузивни бои – Oakrun и Nimbusgrau, кои се дизајнирани да ги акцентираат стилските чувствителности на автомобилот. Како опција, Audi нуди и двобојни шеми на екстериерот. Тука се и 20-инчните полирани тркала и специјалните Horch беџови. Дигиталните Matrix LED фарови и OLED задни светла се стандардни карактеристики за моделот.

V6 под хаубата

За напојувањето е задолжен 3,0-литарскиот V6 на Audi во кобминација со 48-волтен благ хибриден систем. Моторот испорачува 340 КС и 500 Nm максимален вртежен момент, што би требало да биде повеќе од доволно со оглед на тоа дека оваа лимузина го нагласува комфорот пред перформансите. Агрегатот доаѓа во комбинација со осумстепен автоматски менувач и Quattro систем за погон на сите четири тркала.

Audi A8 L Horch пристигнува со B&O 3D стерео аудио-систем, мириси во автомобилот и систем за прочистување на воздухот и негативните јони. Предните и задните седишта нудат осум режими за масажа, заедно со еден куп технологии. Задните седишта добиваат централен инфозабавен екран преку кои се контролираат голем дел од функциите на автомобилот. Постојат и неколку Horch елементи низ ентериерот на автомобилот, како на задниот централен потпирач за рака.

Audi A8 L Horch

Audi ќе го претстави јавно A8 L Horch на 19 ноември, а новиот Horch ќе изгледа драстично различен од обичниот А8. Инаку, новиот A8 L Horch се очекува да се продава и на другите пазари надвор од Кина, но засега нема подетални информации.

Поврзани вести

Back to top button