Audi го претстави SQ7 со V8 и 429 КС

Најновиот SUV на германската марка доаѓа со благ хибриден дизел мотор, голем број надградби на шасијата и бројни ревизии на стилот и технологијата

Како врв во својот опсег, Audi ја претстави новата перформансна изведба на својот најголем SUV, наречена SQ7 TDI. Автомобилот е придвижуван од истиот би-турбо V8 дизел мотор како новиот Audi SQ8, кој произведува моќност од 429 коњски сили и 900 Nm вртежен момент. Исто како и германскиот купе-SUV, моторот на SQ7 е опремен со 48-волтен електричен компресор, кој ја помага работата на двата турбополначи.

Компресорот се напојува со истиот 48-волтен литиум-јонски батериски пакет што го поткрепуваат благиот хибриден систем на SQ7. Составен од ременски погонуван алтернатор и систем за засилување на енергијата, може да го придвижува перформансниот SUV со брзина до 22.5 km/h и да акумулира енергија до 8kW при сопирање.

SQ7

Автомобилот исто така е опремен и со систем за управување на сите тркала, за кој Audi вели дека го прави SQ7 полесен за маневрирање. При мали брзини, задните тркала се вртат до пет степени во спротивна насока во однос на предните, со што се намалува вртежниот круг на автомобилот. При повисоки брзини, предните и задните тркала се завртуваат во иста насока, што Audi вели дека ја подобрува стабилноста.

Од надвор, новиот SQ7 го добива вообичаениот S-line третман на Ауди, со 20-инчни алуминиумски тркала, поагресивни предни и задни браници, поголеми странични прагови, капаци од огледало со алуминиумски изглед и издувен систем со четири цевки. Внатре, новиот SQ7 доаѓа со спортски седишта од кожа и Алкантара, педали од нерѓосувачки челик, алуминиумска рамка, 12,3-инчен дигитален кластер и 8,3-инчен инфозабавен систем со поддршка за Amazon Alexa, Android Auto и Apple CarPlay.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close