Audi го презентираше A6 Avant
Германскиот производител Audi официјално ја претстави новата генерација на A6 Avant
Автомобилот доби стилски и современ дизајн на ентериерот и екстериерот, како и најсовремени технологии.
Караванот ги следи чекорите на неодамна лансираниот седан, па изгледа многу поспортски од својот претходник. Автомобилот доби стилска решетка на ладилникот и мускулест дизајн. Иако е насочен кон практичност, караванот е најубав во историјата на моделот. Новиот Audi A6 Avant е опремен со LED фарови. Освен тоа Audi нуди оптика HD Matrix LED со дневни светла, а од компанијата потенцираат дека коефициентот на аеродинамичен отпор е 0,27.
Внатрешноста на караванот е речиси целосно идентична со онаа на седанот. Во ентериериот има инфо систем со 10,1-инчен монитор, дигитален 12,3-инчен инструменти панел и 8,6-инчен дисплеј, од кој се управува климатизација. Од компанијата истакнуваат дека ентериерот на Audi A6 Avant (моделска 2019) ќе се нуди во различни варијанти, вклучувајки и скапа кожа Valcona и природно дрво.
Клиенти ќе може да порачаат предни седишта со греење, вентилација и масажа. А, како опција предвидени се панорамски стаклен покрив, Bang & Olufsen акустичен систем… Голема предност на караванот е багажникот, кој располага со 565 литри, но со соборување на седиштата позади волуменот се зголемува до 1.680 l. Автомобилот има електрична задна врата, како и посебен систем за чување на багаж.
Досега, Audi не понуди технички детали за динамичките вредности на караванот, но се очекува да ги добие седанските мотори. Тоа значи дека A6 Avant ќе се потпира на моторите 3.0 V6 TFSI (340 КС и 500 Nm) и 3.0 V6 TDI (286 КС и 620 Nm).
Сите верзии ќе бидат опремени со „мек” хибриден систем со стартер-генератор и регенеративен систем за обновување на енергијата.
Систем за управување со четири тркала исто така е предвиден за возилото, со што се намалува радиусот на кривата, како и ракувањето со голема брзина. Постојат четири различни опции за суспензија – стандардни со челични пружини, спортски, адаптивни пневматски и прилагодливи амортизери.
Караванот располага и со технолошките системи за помош на возачот, кои се подржани од 5 радарски сензори, 5 камери, 12 ултразвучни сензори и ласерски скенер. Сите овие опции дебитираа на Audi A8.