fbpx

Audi официјално го претстави новиот RS3 LMS

Audi Sport ја претстави втората генерација на RS3 LMS, нивниот најнов тркачки автомобил наменет за клиентите и дизајниран за глобалните TCR трки

Новиот RS3 LMS е базичниот тркачки автомобил за TCR категоријата на Audi Sport, кој вклучува 24 национални, регионални и меѓународни тркачки серии и класи лиценцирани на светско ниво. Освен тоа, тимовите ќе можат да го користат RS3 LMS за други програми во различни региони, конкретно за трки на издржливост.

Најновиот тркачки автомобил на Audi Sport се карактеризира со екстензии на каросеријата во самите контури на „телото“ во еден похармоничен и поаеродиначен начин во однос на својот претходник. Предниот дел од новиот Audi RS3 LMS ги инкорпорира отворите за воздух од ревидираниот систем на разладување за моторот и сопирачките. За прв пат кај Audi Sport, инженерите успеаја да ги пресметаат аеродинамичките компоненти целосно компјутерски користејќи симулација на проток, без притоа да се користи тунел за симулација на ветер.

Под хаубата е поставена четвртата генерација на 2,0-литарскиот EA888 четирицилиндерски мотор, кој ги содржи сите карактеристики според TCR регулативите. Единствено различно е издувниот систем. Поставени се и два водени разладувачи кои се наместени хоризонтално еден врз друг. Од Audi Sport истакнуваат дека максималната моќност која ја произведува моторот е 340 КС.

Шестстепениот Hewland секвенцијален менувач пристигнува со нова двојна спојка која сега тежи 800 грама помалку отколку кај претходниот одел, со што намалува ротационата маса и инерција. Новоразвиениот мулти-диск ефект за заклучување на диференцијалот може да се прилагоди од страна на механичарите брзо и лесно.

RS3 LMS

Audi RS3 LMS се покажа како многу успешен за Audi Sport, а претходната генерација беше произведена во 180 примероци, што е огромен број за тркачки автомобил кој е наменет за купувачи. Во секој случај е најпродаваниот Audi тркачки автомобил во светот и новиот модел сака да продолжи со оваа традиција.

Поврзани вести

Back to top button