Audi развива најмалку три е-возила на платформата MEB
Audi има намера да произведе најмалку три електрични автомобили користејќи ја MEB архитектурата на VW Групацијата
Првото возило кое ќе ја искористи оваа платформа е новиот ID.3, чие производство ќе започне следниот месец, а на него подоцна ќе му се придружи целото Volkswagen семејство базирано на MEB.
Првиот модел на Audi кој ќе се темели на MEB ќе биде финалната производна верзија на Q4 E-Tron Concept, откриен на Саемот за автомобили во Женева во март годинава. Надворешниот дизајнер на Audi, Волф Сајберс, неодамна откри дека овој концепт е речиси 97 проценти подготвен за производство, со најзначајни промени во вклопувањето на редовните рачки на вратите, различните крилни ретровизори и помалите тркала.
Плановите на Audi за MEB платформата нема да запрат со Q4 E-Tron. Според MEB проектниот менаџер, уште два модели на Audi се во изработка. „Можеме да предвидиме модели како поспортска верзија на Q4 и седам модел“, изјави тој.
Архитектурата MEB нема да биде единствената што Audi ќе ја користи за своите идни електрични возила. Производителот на автомобили во моментов работи заедно со Porsche за развој на нова електрична платформа наречена „PPE“. На оваа архитектура се работи веќе неколку години и ќе биде дизајнирана за поставување на заден електричен мотор на кој може да му се придружи преден електричен мотор за создавање погон на сите тркала.