fbpx

Audi RS Q8 станува најмоќниот кросовер во светот

Audi ја тестира најмоќната верзија на купе изведбата Q8

Оваа симбиоза помеѓу SUV и спортски автомобил најверојатно ќе биде најмоќниот модел на брендот, бидејќи ќе ја преземе најмоќната единица на Porsche. Според информациите, Audi RS Q8 ќе биде придвижуван од агрегатот што се вградува во Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid.

Ова значи дека SUV изведбата ќе добие бензински мотор V8 со 550 КС и две турбини, во комбинација со електричен мотор од 136 КС. Вкупната моќност достигнува 670 КС и 850 Nm, што го прави најмоќниот модел во историјата на брендот. Во моментов, дури и суперкар изведбата R8 V10 Plus има „само” 610 КС.

1 | Audi
2 | Audi
3 | Audi

    Оваа енергетска единица го претвора Audi RS Q8 и во најмоќниот SUV на пазарот, Bentley Bentayga со својот W12 има 608 КС, а Lamborghini Urus со V8 со две турбини развива 650 КС. Ова издание на Audi се очекува да забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 4 секунди, а само на струја може да мине и до 40 km.

    За да се истакне спортскиот карактер на хибридниот кросовер, тој ќе биде со намален клиренс, моќни сопирачки, торзиона задна оска и дополнителни аеродинамички елементи на каросеријата. Исто така се тврди дека најмоќната верзија на Audi Q8 ќе биде опремена со посебен систем за суспензија, кој не дозволува навалувања.

    Оваа технологија веќе се користи во некои слични модели на Volkswagen AG.

    Поврзани вести

    Back to top button