НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Audi RS6 Avant претставен со 600 КС

Караваните со високи перформанси стануваат главни модели кај Audi, а компанијата повторно го докажа тоа со целосно новиот RS6 Avant

Спремен да го добие своето јавно деби на Саемот во Франкфурт, RS6 Avant доаѓа со твин-турбо 4,0 литарски V8 мотор кој произведува 600 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Поврзан со осум-степен автоматски менувач, моќноста се испраќа преку quattro погонот до сите четири тркала.

Ваквата конфигурација му овозможува на бесниот караван забрзување од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди, пред да ја достигне ограничената максимална брзина од 250 km/h. Зборувајќи за перформансите, RS6 Avant е опремен со специјално модифицирана адаптивна воздушна суспензија и спортски диференцијал, кои имаат за цел да ја подобрат агилноста на автомобилот.

Исто така, постои оптимизиран управувачки систем кој овозможува попрецизни повратни информации. Клиентите ќе можат да се одлучат и за RS спортската суспензија со динамичка контрола на возењето. Што се однесува до работните режими, RS6 Avant има шест различни режими, вклучувајќи ги auto, comfort, dynamic и efficiency. Покрај овие, тој има и два уникатни наречени RS1 и RS2, кои се индивидуално прилагодливи.

Во поглед на надворешниот дизајн, караванот ги следи стапките на A6 и S6 Avant, но секако достапни се неколку промени кои го прават овој модел уникатен. Напред, RS6 ја усвојува Singleframe решетката, масивните влезови на воздух и сребрен преден сплитер. Спортскиот стил продолжува понатаму, со агресивни странични прагови, заден спојлер, робусен браник со интегриран дифузер и двоен издувен систем.

Kабината во голема мерка се пренесува од стандардниот модел. Како резултат, она што може да се најде е 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и 10,1-инчен инфозабавен систем. Присутни се и спортски седишта маркирани со логото RS, карбонски детали, алуминиумски педали и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close