fbpx

Audi RS6 GTO Concept инспириран од 90 Quattro IMSA GTO

Дизајнерите на Audi подготвија модел наречен RS6 GTO Concept кој влече инспирација од легендарниот Audi 90 Quattro IMSA GTO тркачки автомобил

GTO Concept ги враќа сеќавањата на легендарниот 90 Quattro IMSA GTO. По E-Tron Vision Gran Turismo, инспириран од истиот тркачки автомобил развиен за IMSA Camel GT шампионатот, од Audi подготвија нов примерок кој оддава признание во ликот и делото на RS6 GTO Concept. Овој пат развиен од страна на учениците во Некарслум под будното око на Марх Лихте, дизајнерскиот шеф на Audi. Проектот е дел од прославата на 40-годишнината на Quattro, кој исто така ја вклучува и специјалната едиција на TT RS 40 Years of Quattro.

Audi RS6 GTO Concept

Компанијата од Инглоштад го произведе 90 Quattro GTO за IMSA сериите, опремувајќи го петцилиндричниот мотор со масивен турбо полнач кој резултираше со моќност од преку 700 КС. Издувната цевка излегуваше од вратата на совозачот, а во креацијата на автомобилот беа користени композитни материјали. Иако тркачката кариера на автомобилот беше кратка, освојувајќи го притоа шампионатот во сезоната 1989, се уште останува омилен меѓу тркачките фанови.

Токму затоа, во чест на овој култен автомобил, во Некарслум подготвија уникатна „униформа“ за RS6 со истата комбинација на бела, сребрена, сива, црна и црвена боја како и тркачот. Ултимативниот семеен караван исто така се карактеризира и со мошне слични тркала и има странична издувна цевка.

Како додаток на тоа, дизајнерите го опремија задниот дел на RS6 со масивен црвен спојлер, замаглени задни светла, специјално изработен дифузер и централно светло за сопирање инспирирано од F1.

Специјалните детали продолжија и во кабината каде што RS6 вклучува и сет на карбонски тркачки седишта, заштитен кафез на задниот дел и голем број на специјални копчиња на централната конзола.

Поврзани вести

Back to top button