fbpx

Audi со нов шеф, повторно кадар од BMW?!

Досегашниот менаџер на снабдувањето на BMW, Маркус Дусман, ќе биде новиот генерален директор на Audi. Тој доаѓа на местото на Руперт Штадлер, кој беше уапсен во јуни под сомнение за даночно затајување и соучество во измамата со софтверите за штетните гасови.

Дусман е вториот од директорскиот борд на BMW, преземен од конкурентскиот Volkswagen. Пред него тоа се случи со Херберт Дис, кој беше ангажиран пред две години да раководи со VW за автомобили, а од оваа пролет е извршен директор на целиот концерн. Некои германски медиуми сугерираат дека тој е главниот агитатор за доаѓањето на Дусман. Другиот мотив на надзорниот одбор на VW е дека бара надворешни луѓе за Audi, за кои сигурно се знае дека не се вмешани во било која Дизелгејт афера.

Маркус Дусман е роден во 1969 година и има завршено машински факултет во Минстер. Неговата кариера започнува во конструкторското биро на Mercedes-Benz. Бил директор на секторот за дизел моторите во DaimlerChrysler и шеф на програмата на Mercedes за Formula 1. Во 2007 година, тој станува шеф на развојот на уште еден F1 тим – BMW Sauber. По затворањето на тимот е повлечен во седиштето на BMW, а во 2016 е избран за член на бордот на директори на местото на пензионираниот се шеф на снабдувањето, Клаус Дрегер.

Audi

Дусман ќе ја преземе својата нова позиција „што е можно поскоро” истакнуваат од VW Group. Во моментов, функцијата шеф на Audi ја извршува е директорот за продажба, Брам Шот. Сепак, компанијата продолжува смета на Штадлер, кој според ни е невини додека не се докаже спротивното.

Поврзани вести

Back to top button