fbpx

Avto Plus Street Show 2021 супер галерија (500 ф)

Минатиот викенд го оддржавме нашето Улично Шоу по втор пат – викенд инспириран од нашите партнери Quattroruote од Италија, кои своето го реализираат на централните улици во Милано. Овој саем под отворено небо ( бидејќи МК остана единствена без саемски објект во поширока околина) на сè што се тркала… изворно е планиран за средината на Мај месец, но поради Корона ограничувањата се оддржа дури сега.
Иако авто-мото индустријата се соочува со предизвици… недостаток на процесори за изработка на возила, намалено производство, отежнат транспорт… кои се рефлектираат и на нашите импортери, сепак една храбра група на професионалци во индустријата, го одбележа Avto Plus Street Show 2021, за што сме им благодарни.

Минатиот петок го подготвивме шоуто на дожд и ниски температури, саботата ја поминавме со ветер, а неделата не награди со сончево и топло време. Им благодариме на сите што не посетивте и во саботата и неделата… што ги пратевте нашите презентации.. и ги лајкавте нашите постови. Наредното очекувајте го во МАЈ 2022.

А сега микс галерија од преку 500 фотографии од трите дена… можеби и вие сте на некоја од нив ?!

Поврзани вести

Back to top button