СУПЕР ТЕСТ на Авто Плус: Три месеци дружба со Geely Cityray!

90 дена зад управувачот на Cityray, Авто Плус во соработка со Geely го стартува новиот Супертест

По подолго време, редакцијата на Авто Плус повторно започнува супертест, формат кој отсекогаш бил препознатлив по темелноста, деталноста и реалните услови во кои се користи автомобилот. Овојпат, во соработка со Geely, во наредните речиси три месеци на располагање го имаме моделот Cityray, со кој ќе се дружиме од 2 февруари до 31 април.

Во текот на овој период автомобилот ќе биде дел од нашето секојдневие – ќе се вози во градски метеж, на отворен пат, на подолги релации и во комбинирани услови, токму онака како што би го користел секој сопственик. Супертестот подразбира континуирано следење на сите аспекти од користењето: потрошувачка, удобност, динамика на возење, практичност, квалитет на изработка, како и однесувањето на возилото по изминати илјадници километри.

Во одредени временски интервали ќе објавуваме посебни текстови со свежи впечатоци – како се однесува Cityray по првите неколку недели, каков е во градски услови, колку е удобен на подолги патувања, како се справува со секојдневните предизвици и каква е состојбата на возилото по одреден број изминати километри. Целта е да понудиме реална, долгорочна слика за тоа што значи да се живее со овој модел.

На тест ни е доверена верзијата GK, односно основниот пакет на опрема, кој и покрај тоа носи навистина богато ниво на функционалности и технологии, безмалку на ниво на повисоките изведби. Токму затоа овој супертест ќе биде интересен показател колку основниот модел може да ги задоволи секојдневните потреби на возачите.

Во наредните месеци Cityray ќе стане дел од нашето секојдневие, а ние ќе продолжиме да ги споделуваме нашите искрени впечатоци, километар по километар, сè до финалниот заклучок на крајот од супертестот, се со цел а крајот да го добиеме она најважното – она вистинското искуство стекнато на пат.

Поврзани вести

Back to top button