Авто Плус Ви посакува Среќна Нова Година

Годината што пројде донесе мноштво настани кај нас и патувања надвор кои не сме ги виделе многу одамна

Во годината што измина реализиравме 40 тест возења, што дома, што на некое од 11 патувања на презентации, салонски и саемски манифестации во странство кои ги објавивме во магазинот и/или на веб порталот. Го вративме саемското доживување со Авто Плус Стрит Шоу (кое повторно ќе се случи во Мај), бевме дел од М Маж на Годината на Машки Магазин(кое повторно ќе се случи во Март) каде се прогласи Автомобилот за Вистинскиот Маж, а непосредно пред нова година го инициравме новиот Национален Избор за Најпосакуван Автомобил во соработка со нашите колеги.

По 26 години сеуште сме единствената печатена верзија на автомобилски магазин, најстар веб портал со најголем број на вести и тестови, присутни сме и на фејсбук, инстаграм (каде поделивме мноштво giveaways)…

Во годината што следи ви најавуваме уште повеќе активности, што на постојните, што на нови проекти, а за сè досега Ви благодариме на поддршката и Ви посакуваме: Здравје, среќа, пари и… автомобил по желба !

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close