fbpx

Автомакедонија со лек за последиците од град

Минатонеделниот град направи оштетувања на голем број возила во Скопје. За брза поправка и неутрализирање на штетите, во Автомакедонија деновиве пристигна специјален тим

Минатонеделниот град направи оштетувања на голем број возила во Скопје. За брза поправка и неутрализирање на штетите, во Автомакедонија деновиве пристигна специјален тим. Големото невреме кое го погоди Скопје и делови од републиката, кое освен со дожд беше зафатено и со обилни врнежи од град, направија громни штети на возилата кои се најдоа под отворено небо.

Автомакедонија

Големите парчиња град освен што кршеа стакла, направија „портокали“ од секоја хауба и кров. Експресно на тоа реагираа од Автомакедонија кои повикаа специјален тим кој деновиве пристигна во Скопје. Тие со специјални техники и алат (народски познато како „со вакум“) заедно со мајсторите од лимарското одделение, ќе работат на сите возила кои ќе се пријават во објектот во Автокоманда.

Автомакедонија

Процесот не инволвира шмирглање и фарбање на возило, нема оштетување на бојата, а цените се одредуваат според големината на штетата: до 100 вдлабнувања, до 200 и повеќе од 200… Секако ако имате поново или поскапо возило овој процес особено ви е исплатлив, а по оваа интервенција, можете да кажете дека Вас градот не ве фатил!

Затоа, закажете термин!

Поврзани вести

Back to top button