fbpx

Единствен автомобил-амфибија, Hobbycar потона во езеро

Амфибија-моделот Hobbycar е многу ретко возило. Во периодот 1992 - 1995 од него се произведени само 50 примерока. Една од нив долго време се чува во музејот во американскиот град Нешвил, но дали и понатаму ќе биде дел од него…

Од време на време предметниот Hobbycar излегува од музејот и ги забавува туристи на едно од езерата во Тенеси заедно со друга амфибија – германската Amphicar од 1960 година. На последната таква прошетка сепак се случи нешто чудно. Неочекувано француската амфибија Hobbycar започна да се полни со вода, а возачот и патниците (меѓу кои и две деца на 5 и 9 години) успеаја да се спасат, префрлајќи се на германската амфибја. По ова автомобилот потона.

Автомобилот е изваден по неколку дена од нуркачки тим и тешка опрема. Од музејот тврдат дека ќе ја обноват амфибијата,  треба да се направи е замена на моторот Peugeot со нов.

 

Поврзани вести

Back to top button