ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Автомобилите во Европа ќе бидат за 50% помалку по 30 години

Европскиот комесар за транспорт, Виолета Булц, предвидува дека во 2050 година на патиштата на Европа ќе се движат 50% помалку автомобили, а тоа ќе се должи на промените во моделот на експлоатација на возилата

Таа ова го изјави на манифестацијата „Иднината на возилото” и објасни дека Европската Унија се залага за поставената стратегија наречена „Визија Нула”, која претставува „нула“ смртни случаи на патиштата, „нула“ емисии на штетни гасови и „нула“ бирократски пречки. Госпоѓа Булц прогнозира дека со развојот на автономните технологии кај автомобилите ќе се намали и бројот на сопствениците на возачки дозволи, што е поврзано, на свој начин, со тоа што помалку луѓе да поседуваат автомобили.

помалку-Односот кон возачката дозвола ќе се менува, објасни Булц. – Членовите на моето семејство сакаат да можат да се движат, но не и да возат. А, автономните технологии ќе имаат сериозен придонес за намалување на бројот на сопствениците на автомобили.

Се помалку луѓе сакаат да поседуваат автомобили од повеќе причини, објасни Булц. – Младите луѓе претпочитаат да го користат времето за патување со нешто друго. Не можеме и не смееме да го игнорираме тоа.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close