fbpx

Автомобилите на VW сами ќе си најдат паркинг простор?!

Volkswagen Group објави дека компанијата развива систем кој ќе им овозможи на возилата од Групацијата автономно да стигнат и паркираат на слободни позиции на јавни и платени паркинзи, користејки информации за слободните места од базата податоци на самиот објект

Новата технологија за автономно пристигнување до слободното паркинг место и последователното паркирање ќе биде интегрирана во сериските автомобили на Volkswagen Group од 2020 година, а ќе биде воведувана во фази. Од компанијата коментираат исто така, дека таа ќе биде развиена со дополнителни функционалности, како можност за полнење на батериите на електрични возила, снабдување на производи и исплата со помош на апликација од мобилен телефон, и други.

паркинг

Првиот чекор за лансирање на новиот систем за автономно паркирање на Volkswagen Group ќе биде направен со ставање на услугата на затворени паркингзи, каде немаат пристап за други автомобили или луѓе. По спроведувањето на потребните испитувања, технологијата ќе биде дозволена за употреба во отворени зони, во кои има луѓе и други автомобили, а потоа ќе ја видиме и во катните гражи и откриени јавни паркиралишта, како пред продавници и ресторани.

https://www.youtube.com/watch?v=e3Y1H4iIaNE

Автономно паркирање

Поврзани вести

Back to top button