ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Автомобилите што задоволија и разочараа во 2017 година

Американските издание Consumer Reports ги публикува резултатите од годишното истражување на своите читатели за тоа кои автомобили им донесоа најголемо задоволство и кои најмногу разочараа во 2017 година

При креирањето на рангирањето, експертите од Consumer Reports испитуваа автомобили купени во текот на изминатите три години. Читателите требаше да ги оценат своите возила според наведените критериуми: однесување на патот, удобност, дизајн и цена. Внимание се посветува и на работењето на клима уредот и аудио системот. Освен тоа, учесниците во анкетата треба да одговорат дали повторно ќе купат автомобил од истиот бренд.

Првите места во рејтин листата се за автомобилите што им се допаднаа на нивните сопственици. И натаму на лидерските позиции се производите на компаниите Tesla и Porsche, кои беа на врвот пред една година. Но, во првите три, сега е новиот премиум бренд Genesis. Треба да се забележи дека водечките во претходното рангирање- Audi, Subaru и Toyota, сега ги губат своите позиции.

Во соопштението се наведува дека во листата недостасуваат брендовите Alfa Romeo, Fiat, Jaguar, Land Rover, Maserati и Smart, бидејќи за нив недостасуваат податоци. И листата на моделите од кои се разочарани потрошувачите е многу интересна, Според клиентите во САД, на самиот врв на ова рангирање е Mercedes-Benz.

РАНГИРАЊЕ ЗА 2017 РАЗЛИКА 2016/2017 ИМЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ПРОЦЕНТ НА СОПСТВЕНИЦИ ЗАДОВОЛНИ ОД СВОИТЕ АВТОМОБИЛИ
1  – Tesla 90
2  – Porsche 85
3 NA Genesis 81
4 ↑ 4 Chrysler 78
5 ↓ 2 Audi 76
6 ↑ 1 Mazda 76
7 ↓ 3 Subaru 76
8 ↓ 3 Toyota 76
9 ↓ 3 Honda 75
10 ↑ 2 Lincoln 75
11 ↑ 5 Mini 73
12 ↑ 5 Ram 73
13 ↑ 5 Kia 72
14 ↓ 5 Chevrolet 72
15 ↓ 1 BMW 72
16 ↓ 5 GMC 72
17 ↓ 2 Ford 70
18 ↓ 8 Lexus 70
19 ↑ 1 Volvo 69
20 ↑ 3 Dodge 68
21 ↑ 4 Jeep 68
22 ↓ 3 Mercedes- Benz 67
23 ↑ 1 Volkswagen 67
24 ↓ 11 Hyundai 67
25 ↓ 4 Buick 66
26 ↓ 4 Cadillac 64
27 Infiniti 60
28 NA Mitsubishi 58
29 ↓ 1 Nissan 58
30 ↓ 4 Acura 58

легенда:

  1. Во првата колона е рангирањето за оваа година
  2. Во втората – разликата од 2016 година
  3. Во третата името на производителот
  4. Во четвртата процентот на сопственици задоволни со своите автомобили

Клучни зборови

Поврзани вести

Close