НАСЛОВНАСАЕМИ

Над 70 премиери и 300 експонати на салонот во Софија

Вкупно 65 компании ќе учествуваат на автосалонот Софија 2017, од 14 до 22 октомври во бугарската претстолнина, што претставува нов рекорд во 26-годишната историја на оваа манифестација

автосалон Софија 2017Како што соопштија организаторите на настанот – Здружението на автомобилски производители и нивните претставници во Бугарија, во Интер Експо Центарот ќе бидат изложени над 300 експонати, а 70 од нив се технолошки новитети и автомобилски премиери. Посебно внимание е посветено на автомобилите со алтернативен погон – електрични и хибриди, а нивниот број на саемот ќе биде вкупно 28. На салонот ќе учествуваат и 8 марки на мотоцикли.

Вкупната вредност на изложените автомобили ќе надмине 12 милиони евра. Во шесте сали ќе бидат прикажани автомобили со моќност над 40.000 КС. Машините се од 44 светски брендови.

Автосалон Софија 2017

автосалон Софија 2017

За време на салонот ќе се реализираат и тест-возења со вкупно 83 автомобили и мотоцикли. Организаторите се пофалија дека единствено на автосалонот во Болоња во декември се обезбедиени поголем број возила за тестови од посетителите.

автосалон Софија 2017

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker