fbpx

Викенд тарифа: Бегајќи од полиција, излета од карпа директно во океан

Еден маж е приведен откако ја навел полицијата на потера со висока брзина во Калифорнија, при што излетал од карпа и паднал во Тихиот океан

Оваа бизарна серија на настани започнала откако полицајците реагирале по ппукогниците во еден локален ресторан во близина на Санта Круз, Калифорнија. По ова, човекот украл автомобил и се дал во бегство. Криминалецот возел со исклучително високи брзини по West Cliff Drive, крајбрежен пат кој се издигнува над Тихиот океан, при што лицето излетал од патот и паднал директно во водата долу. Полицијата кратко по несреќата го уапсила човекот.

Според информациите, човеков имал среќа и поминал без никакви повреди, но за среќа има неколку видео снимки кои го прикажуваат целото лудило кое настана.

Поврзани вести

Back to top button