fbpx

Berkeley Bandit се враќа, добива и електрична верзија

Berkeley Bandit е релативно непознат модел кој беше претставен пред 60 години, но кратко потоа компанијата банкротираше

Само два Berkeley Bandit автомобили биле направени, сепак Bandit денеска повторно живее благодарение на автомобилскиот индустриски дизајнер Мартин Рис и мотоспорт инженерот Сајмон Склетер. Модерниот Berkeley Bandit се очекува да пристигне следниот април, а се одликува со ретро дизајн кој е креиран од страна на литванскиот дизајнер Владас Тракелис.

Berkeley Bandit

Компанијата не открива премногу детали за својот проект, но познато е дека Bandit ќе биде достапен како купе и „роудстер“ варијанта со дизајн кој „ги олицетворува елеганцијата и спорскиот дух на оригиналот“.

Автомобилот е замислен да биде поставен на композитна шасија која користи растителни материјали, лен кој ќе биде замена за карбон и „лепливи смоли од дрвја кои ќе ги заменат хемиските смоли“. Roadster варијантата ќе биде со централно поставен мотор, а ќе се нуди со електричен и бензински погон.

Berkeley Bandit

Конвенционалната верзија користи 2,3-литарски EcoBoost четирицилиндричен мотор од Ford кој испорачува 406 КС. Ќе доаѓа во комбинација со шестстепен менувач кој ќе му овозможи на 700 килограми тешкиот автомобил да достигне брзина од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч) за 3,5 секунди. Истиот мотор ќе биде достапен и во купе варијантата, но благодарение на поголемата тежина, ќе биде нешто побавен, а спринтот ќе се достигнува за 3,8 секунди.

Berkeley Bandit

Многу помалку се знае за електричната варијанта, но од компанијата истакнуваат дека ќе користи „електромотори и батерии развиени во нивните AirRaceE електрични тркачки пилони“.

Според извршниот директор Мартин Рис, „Во ова време кога нормите се предизвикани од пандемијата и од климатските промени, потребно е да креираме решенија за возила кои се во тек со најголемите грижи на јавноста и да ги решиме овие работи со квалитетен дизајн и инженерски решенија“.

Поврзани вести

Back to top button